Поништен тендерот за набавка на респираторни машини

Од:

Ниту една фирма не ги исполнила критериумите на тендерот за набавка на респираторни машини и истиот е поништен, изјави на денешната прес-конференција Венко Филипче.

Тој рече дека ниту еден од економските оператори не можел да го задоволи критериумот за итност на набавката, па од тие причини постапката е поништена. Тендерот повторно ќе биде повторен преку Владата.

Сепак, Филипче вели дека во моментов државата не се соочува со проблем на респираторни машини, бидејќи и светските искуства говорат дека само 5 проценти од пациентите имаат потреба да бидат ставени на апарати за дишење.

Во земјава, од сите 85 детектирани случаи, само една пациентка, првозаразената од Дебар е на респираторна машина и таа е во критична состојба, непроменета од вчера.

Засега во земјава, според Филипче, на располагање се 120 респираторни машини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он