Со помош на УСАИД се отвори првиот центар за поддршка на млади лица со попреченост ХабИТ!

Од:

Денес, 7-ми март, 2018 год. Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија организира завршен настан и официјална промоција на ХабИТ – првиот центар во Македонија и во регионот што ќе нуди услуги на млади лица со попреченост и ќе ги оспособи да можат да започнат кариери во ИТ секторот. Исто така, центарот ќе обезбедува услуги за компании за да ја зголемат пристапноста на своите услуги и производи. ХабИТ беше основан од Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија и дополнително награден како успешен концепт за социјално претприемништво од проектот на Европска Унија„Смарт старт“.

Овој проект на УСАИД поттикна социјална инклузија на млади лица со попреченост на пазарот на трудот преку нивно интегрирање во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во земјава. Проектот беше имплементиран од фондацијата „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здруженито на студенти и млади лица со попреченост“ во Македонија.

Во своето обраќање, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли рече: „Ние сме горди на нашите учесници на проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија бидејќи тие ги разбија митовите и му покажаа на бизнис секторот дека младите луѓе со попреченост можат да бидат вработени и целосно да придонесуваат во брзо растечкиот сектор на информатичката технологија во Македонија“.

„Ги поздравувам проектите со кои се јакне потенцијалот на лицата со попреченост и компаниите кои ги вработуваат овие лица. Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителна поддршка за креирање работни места за лица со попреченост во 2018 година, а работиме и на отворање на два центри за работно – ориентирана рехабилитација“, – рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Проектот на УСАИД за социјална инклузија преку технологија е проект кој траеше една и пол година и создаде онлајн платформа за учење со 20 целосно пристапни курсеви за бизнис вештини, меки вештини и основни информатички технологии комбинирани со менторство и практично искуство за младите лица со попреченост во селектирани ИТ компании. Досега, „АССЕКО“, „ЦЕФЕ Македонија“, „иВоте“, „Њу момент“, „Арс ламина“, „ТВ Протел“, „Секјуриком Мултисервис Интернешнл“, „ДНС Продукција“, „Спорт лајф“ и „Тинекс“ ги отворија своите врати за практиканти и вработување на млади лица со попреченост. Компаниите кои се заинтересирани за партнерство со ХабИТ може да ја контактираат Марија Арменски на [email protected].

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор