Помалку запишани студенти во академската 2016/2017 година

Од:

Во Република Македонија, во академската 2016/2017 година се запишани вкупно 58.083 студенти што претставува намалување за 3 отсто во однос на претходната академска година, аоопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на запишани студенти – жени изнесува 32.297 или 55,6%. Најголем број туденти (86,6%) се запишани на државните високообразовни установи, додека 13% се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2016/2017 година, се запишани 16.710 студенти или 28,8% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Производителите ги покачија цените на индустриските производи