Помалку склучени, повеќе разведени бракови

Од:

Бројот на склучени бракови во 2012 година e намален за 5,1 проценти во однос на претходната година и изнесува 13.991 брак, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 11,8 проценти, а најмалку во март 5,2 пероценти.

Во најголем број се склучувале бракови по прв пат и тоа 92,6 проценти од жените и 90,6 проценти од мажите. Од вкупниот број бракови 8.7 проценти биле бракови склучени по втор пат, а 0,8 проценти  по трет пат.

Просечната возраст при склучување прв брак е 25,6 години за невестата и 28,4 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9,9 проценти во споредба со 2011 година и изнесува 1.926 разведени бракови.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август и тоа 3,2 проценти, а најмногу во април 10,7 проценти.

Според возраста на сопругата, најголем број на разводи, или 20.9 проценти, се случиле во возрасната група од 30 до 34 години, a за сопругот, во истата возрасна група, но со учество од 18.9 проценти.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска