ВИДЕО: Помал наплив на мигранти, железничката станица во Куманово празна

Од:

Жителите на маалото Сланиште лоцирано на крајот од кумановското село Табановце, над железничката пруга, информираат дека изутринава и вчера нема наплив на илегални мигранти.

Тие велат дека откако екипите на Црвениот Крст и на УНХЦР ги поставиле монтажните објекти, мигрантите не минуваат во голем број по нивите, односно илегалните патишта кои водат кон соседна Србија.

Жителите на Сланиште велат дека се чувствуваат побезбедно откако вчера беше прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти. Жителите и граѓанските активисти од повеќе невалдини организации кои беа лоцирани на ова подрачје, потврдуваат дека вчера пристигнал еден воз од Гевгелија околу 13 часот.

Од Итната помош Куманово изутринава потврдија дека вчера не интервенирале на Железничката станица во Табановце. Од општинската организација на Црвениот крст Куманово информираат дека нивни активисти помагаат на јужната граница и дека на Железничкиот премин Табановце нема потреба од поголема ангажираност, бидејќи нема наплив на мигранти.

На железничката станица во Куманово изутринава имаше помалку од сто мигранти кои купуваа храна и вода, а во текот на денов не се забележува ниту еден мигрант кој ја поминал границата.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто