Полски државјани се обиделе да шверцуваат марихуана на преминот „Ќафасан“

Од:

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција-регионален центар „Запад“, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ била пронајдена и одземена 1,6 килограми марихуана.

Во рамки на акцијата три лица, полски државјани биле приведени, а еден е во бегство.

– Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две пакувања обвиткани со салотејп-лента. Тоа било забележано од царинските и полициските службеници кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент  лицето E.Д.В.(28) започнал да бега кон шумата упатувајќи се кон каменоломот, а лицата С.K.K. (29), Л.Д.З. (62) и Б.Д (28)  се веднаш приведени, информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пронајдената дрога, како што додаде Димоски,  е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он