А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Политички реакции во Грција за најавената оставка на Заев

by А1он01/11/2021 - 15:28348
Share0

По најавената оставка на премиерот Зоран Заев, официјална Атина, иако не ги коментира внатрешните случувања, порачува дека државите имаат континуитет и се обврзани од потпишаните договори, а евентуалната промена на ставот би создала проблеми на патот на Северна Македонија кон ЕУ, додека пак членови на опозициската СИРИЗА упатуваат критики за ставот на актуелната грчка Влада и ја истакнуваат важноста на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Следете a1on на Instagram Instagram

На денешниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во однос на тоа дали оставката ќе влијае врз спроведувањето на Договорот од Преспа, рече дека државите се обврзани од потпишаните договори.

-Владата, очигледно е дека не ги коментира внатрешните случувања во други држави, ниту во Северна Македонија. Јасно е дека државите имаат континуитет и во рамките на овој континуитет се обврзани од договорите што ги имаат потпишано, рече Иконому.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис во интервју за радиото „Параполитика“ рече дека евентуалните промени во Северна Македонија се однесуваат и на Грција поради Договорот од Преспа, а евентуалната промена на ставот би создало проблеми за европската перспектива на земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Ако има владина промена ова сигурно ќе донесе голем притисок врз Договорот, врз правилното спроведување на Договорот од Преспа што е прашање за нас. Но, сметам дека ќе создаде повеќекратни проблеми за самата Северна Македонија во врска со нејзиниот европски тек. Секако, од моментот кога целото европско раководство се обидува да ја убеди Бугарија да се договори со Северна Македонија и ова го видовме многу интензивно на Самитот во Брдо, во Словенија, ако видиме промена на ставот на Северна Македонија значи дека нема да се спроведат одлуките за проширување со Западен Балкан, рече Варвициотис.

Со став за оставката на Заев, преку социјалните мрежи се огласија и претставници на опозициската СИРИЗА.

Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис на Твитер напиша дека „по Грција, конзервативизмот и национализмот освојуваат терен и во Северна Македонија“, а „Ципрас и Заев испишаа историја со историскиот Договор од Преспа, дури иако ги загубија изборите“.

-Мицотакис водеше евтин квази патриотизам против Договорот од Преспа. Заедно со националистите на ВМРО кои го сметаат Заев за предавник бидејќи го прифати „Северна Македонија“. Оставката на Заев ги зајакнува истомислениците на НД, напиша Пападимулис.

Пратеникот од СИРИЗА Костас Захариадис на Фејсбук коментираше дека „Грција уште не ги има ратификувано меморандумите за соработка со Северна Македонија“ и „сега ќе разговараме со националистите од ВМРО“.

Меморандумите ги споменува и одговорната за меѓународни и европски работи во политичкиот Секретаријат на СИРИЗА Рања Свигу, која на Твитер пишува дека клучно е да се поддржи ЕУ перспективата на Северна Македонија, како и Договорот од Преспа.

-Оставката на Заев е непријатен развој на настаните. Поклучно од кога било за мирот и стабилноста во регионот е активно да се поддржи Договорот од Преспа и пристапната перспектива на Западен Балкан, особено на Северна Македонија. Заробена во барањата на нејзиното националистичко крило и плашејќи се дека ќе биде под притисок да преземе чекори како што е ратификацијата на трите меморандуми, Владата не обезбеди спроведување на договорот во важни области (на пр. учебниците во Северна Македонија). Денес мора јасно да им стави до знаење на нашите партнери дека на Западен Балкан се оценуваат меѓународната улога и кредибилитетот на ЕУ, пишува Свигу.

Како што претходно објави МИА најавената оставка на Зоран Заев и од премиерската функција и од позицијата претседател на СДСМ, од доцна синоќа е меѓу главните вести во Грција.

grcijalokalni izbori 2021ostavkaZaev

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Горан Наумовски18/11/2026 - 15:27

Со дрон се обидоа за внесат мобилни телефони во затвор во Грција

А1он18/11/2026 - 10:53

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски17/11/2026 - 18:0517/11/2026 - 18:06

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он12/11/2026 - 19:09

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 12:40

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он23/10/2026 - 21:4423/10/2026 - 21:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео