Политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Белгија

Од:

Денес во Скопје се одржаа билатерални политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Белгија. Делегацијата на македонското Министерство ја предводеше државниот секретар, амбасадорот Виктор Димовски, а на белгиското, генералниот директор за билатерални работи, амбасадорот, г-ѓа Аник Ван Калстер.

Политичките консултации претставуваат реализација на заемните заложби за континуиран политички дијалог, по последните политички консултации, одржани на 21.10.2016, во Брисел. За време на разговорите, двете страни резменија мислења на повеќе теми, а пред сè за развојот на билатерални односи меѓу двете земји, реформските процеси во Република Македонија, за ЕУ и за НАТО, како и за развојот на односите на Република Македонија со земјите од соседството.

Заеднички беше констатирано дека билатералните односи се развиваат во континуитет, во духот на меѓусебната доверба и пријателство, без отворени прашања, при што беше потврдена заемната заложба за нивно натамошно унапредување.

Од македонска страна беше изразена висока оценка за белгиската континуирана поддршка за евро-атлантските интегративни заложби на Република Македонија, додека белгиска страна ја реафирмира поддршката на реформските процеси во Република Македонија, чија крајна цел е целосна интеграција на државата во Европската унија и НАТО алијансата.

Амбасадорот, г-ѓа Аник Ван Калстер беше примена и од министерот за надворешни работи на Република Мкаедонија, Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

Трагедија во Белгија: Воз удри во училишен автобус, има загинати

Горан Наумовски

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел