Полициските Тигри освоија прво место на меѓународниот натпревар во Јордан

Од:

Припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, го освоија првото место во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, на 11 меѓународен натпревар на специјални единици KASOTC, што се одржува во Јордан, Аман.

Дисциплината ТOP SHOT се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети, вешто, брзо и прецизно пукање.

Инаку, натпреварот се спроведува во пет дисциплини во текот на пет дена, со учество на тимови од 40 земји од светот.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски