Полициските „Алфи“ привеле 175 лица по разни основи

Од:

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, преглед на 242 патнички моторни возила и на 60 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 175 лица.

По основ на телеграма, соопшти денеска МВР, приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од Основен суд 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело  приведени се 34 лица, по извршено кривично дело 11, за издржување казна затвор 13 лица, за утврдување на идентитет седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица.

Меѓу останатите, едно лице е  приведено за напад на службено лице, лица со оружје две,  а 19 се приведени за поседување опојни дроги.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски