Полицискиот час не го почитувале 133 лица, приведени се 26

Од:

Во текот на изминатото деноноќие  во врска со забраната за движење во периодот од 21,00 до 05,00 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје (44), соопштуваат од МВР.

Приведени биле 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца ќе бидат поднесени прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на владата, а објектот е затворен.

Од МВР информираат и дека од 26 февруари до денеска, издадени се 1.105 решенија за изолација, додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР