Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење маска

Од:

Полицискиот час синоќа од 22 часот до 05 часот утрово не го почитувале 12 лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро.

Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Во соопштението од МВР стои дека се преземени сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on