Полициски кадар шмрка кокаин во кафуле во Прилеп

Од:

Припадник на полициските служби од ОВР Прилеп, јавно, сред кафеана, шмрка кокаин и тоа за време на работа, тврди наш читател од Прилеп кој бил присутен на лице место и за истото достави и фотографии до нашата редакција.

На  „А1он“ ѝ е познат идентитетот на полицискиот службеник, кој важи за човек од доверба на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и се фалел дека е дел од тимот на новопоставениот началник од страна на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Инаку, Чулев кога дојде на функцијата најави пресметка против трговијата со дрога и обвини дека полициски службеници биле на список на нарко-мaфијата. Оттогаш па наваму, пресметка со нарко-мафијата тешко се гледа, односно кокаинот е распространет на речиси секое ќоше, земајќи го предвид и фактот дека дрогата ја користат и полициски припадници.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски