Полиција упадна во Грчец, претреси во ресторан кој се поврзува со наркобосот Шеваљ

Од:

Полицијата правела рација во објектот на Шеваљ Муареми, кој важи за познат наркобос од Грчец. Според неофицијални информации, полицајци упаднале во угостителски објект каде газда е тој.

Рацијата била заедно со Пазарната инспекција, која констатирала дека објектот работел спротивно законите и добил забрана за работа.

– На 05.02.2022 околу 00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с. Грчец, скопско. Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби, информира МВР.

„Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци“, се додава во соопштението на МВР.

Инаку, наркобосот веќе подолго време е избеган од Македонија и се наоѓа во Шпанија. Група предводена од Муареми се поврзуваше и со пукањето во Александар Палас од 2018 година.

Истрагата за овој случај и по четири години не е завршена.

Затворен угостителски објект во Грчец, пронајден нож, затекнати малолетници и низа незаконски активности

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски