Полицијата заплени 40 килограми марихуана, три лица се уапсени

Од:

Три лица се лишени од слобода откако при претрес во еден стан во Гостивар и контрола на возило е пронајдено поголемо количество марихуана.

Според иформацијата од МВР, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи – Гостивар вчера околу 21.45 часот на улица „Илинденска”, во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, ги лишија од слобода албанскиот државјанин А.Р. (38) Ш.И.(28) од скопското село Арачиново и Б.Т. (32) од Скопје, под сомнеж за шврец на дрога.

При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале трите лица, а управувано од А.Р., во багажникот била пронајдена поголема количина марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар.

– Ноќеска во периодот од 02.45 до 04.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во стан во Гостивар, каде што престојувал А.Р.. При претресот биле пронајдени и одземени два патнички куфери со марихуана, торба со марихуана, една голема ќеса со марихуана, повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага, електрична машина за пакување и вакумирање, во вкупна количина од околу 40 килограми марихуана, се наведува во соопштението.

МВР информира дека по целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик. з

Би можело да ве интересира

Двајца шверуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари