Полицијата уапси лихвар од Куманово

Од:

Вчера во 20 часот во Куманово, полициски службеници го уапсиле М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он