Полицијата пронајде 39 мигранти во Доброшане

Од:

 Вкупно  39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.

Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“. 

По наредба на Јавното обвинителство, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци (ПЦС-Скопје) до расветлување на настанот.

Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари