Полицијата откри случаи на противправно впишување и стекнување имот

Од:

Полициската единица за економски и компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство и Скопје со две кривични пријави предаде три лица, а дополнително ќе биде предадено уште едно лице за сторени четири дела, од кои две – „фалсификување исправа“ и по едно кривично дело – „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Со првата кривична пријава се пријавени три лица, Е.С. (33) од Куманово за – „злоупотреба на службена положба и овластување“, И.П. (57) од Струмица за – “фалсификување исправа“ и С.С. (46) од Велес за – “помагање“.

Е.С., виш соработник во Одделение за катастарски операт-Сектор за спроведување на промени во катастарски операт во Агенција за катастар на недвижности-Скопје, на 18 март 2013 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување со тоа што врз основа на правосилна пресуда од Основен суд Скопје 2 Скопје од 30.12.2012 година извршил запишување промена во катастарот на недвижности во КО Чаир која се состои од недвижен имот-земјиште со површина од 11.992 метри квардатни запишано во имотен лист од сопственост на РМ во приватна сопственост на лице, без притоа да констатира и да го одбие предметот со оглед на тоа што во пресудата на местото оверено со печат „одлуката е правосилна“ било очигледно видно дека е вршена преправка во делот на датумот поточно годината на правосилноста.

Наместо да го одбие барањето со предметната пресуда тој го прифатил и го извршил запишувањето на промената во катастарот на недвижности со што овозможил спорната катастарска парцела противправно да се запише на име на лице и да се стекне со недвижен имот-земјиште во сопственост на државата со право на користење на Министерство за одбрана и Дирекција за регулација на реката Вардар. По ова, за истата катастарска парцела второпријавениот И.П. помогнат од третопријавената С.С. која му дала лични податоци од лицето на чије име требало да се запише катастарската парцела, со намера да го прикријат вистинскиот носител на сопственоста, направиле лажна исправа со невистинита содржина-нотарски акт од 20.03.2012 година, Договор за купопродажба на недвижен имот – гореспоменатото земјиште каде како продавач на наведеното земјиште е лицето, а како купувач е второпријавениот И.П. при што било наведено дека купопродажната цена е 55.000.000 денари за што е приложена и фалсификувана уплатница на наведениот износ. Наведениот договор го овериле со фалсификуван печат и потпис од нотар како и со фалсификуван печат и потпис од Град Скопје, Сектор за финансии со кои се потврдува дека второпријавениот И.П. ги има подмирено даночните обврски. Потоа на 1 април 2013 година ваквиот договор И.П. го доставил со Пријава за запишување на промена во катастар на недвижности, врз основа на кој била извршена промена во катастарот на недвижности со што противправно се стекнал со право на сопственост на недвижен имот-земјиште во површина од 11.992 метри квадратни, а во вредност од 5.996.000. денари, за кој износ ја оштетил Република Македонија. Против второпријавениот И.П. во претходниот период се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „лесна телесна повреда“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „одземање моторно возило“, „тешка кражба“, „оштетување на туѓи предмети“ и „измама“, а против третопријавената С.С. за кривични дела „измама“, „фалсификување исправа“, „фалсификување исправа во обид“, „фалсификување пари“ и „кражба“

Врз основа на Наредба од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица извршен е претрес во домот на И.П. при што кај него се пронајдени и одземени мобилен телефон, сим картичка и документација важна за кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски