Полицијата казнувала пешаци што не користеле пешачки премини во Тетово и Гостивар

Од:

Полицијата денеска казнила неколку десетици граѓани во Тетово и Гостивар преминување улица надвор од пешачки премини.

„На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска од 8 до 12 часот, спроведена е акциска контрола за прекршоците шти ги прават пешаците во сообраќајот, односно дали и колку тие ги почитуваат важечките знаци, правила и прописи. Притоа, во Тетово биле констатирани 42 прекршоци, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци.

Во контролата реализирана денеска во Гостивар, санкционирани се 11 пешаци, од кои 6 кои не користеле тротоари и се движеле по коловоз и 5 кои преминувале улица надвор од обележани пешачки премини. Санкционирани се и 6 други видови прекршоци,“ се вели во соопштението од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он