Полиција апси демонстранти кои протестираат пред куќата на убиецот на кучето

Од:

Полицијата почна да апси демонстранти кои бараат правда пред куќата на човекот кој вчера ладнокрвно уби куче во центарот на Скопје, пишуваат на своите Фејсбук профили дел од демонстрантите.

Како што претходно објави А1он, полицијата сака да поднесе кривична пријава за девојката која се пријавила како организатор на протестот бидејќи демонстрантите фрлале со јајца по куќата на човекот кој го уби кучето.

Демонстрантите претходно рекоа дека нема да си отидат од пред куќата и побараа полицијата да ја повлече кривичната пријава за организаторот на протестот.

И покрај тврдењата на демонстрантите дека полицијата уапсила две лица, од МВР за А1он велат дека нема уапсено никој од демонстрантите кои протестираат пред домот на убиецот на кучето.

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Инцидент во Новосибирск: Куче вклучи шпорет, за брзо време следеше голема експлозија