Полициите од Вишеградската група во Македонија за справување со мигрантската криза

Од:

Полициите од Вишеградската група која ја сочинуваат Словачка, Чешка, Полска и Унгарија и експерти од Словенија и Србија денеска и утре престојуваат во скрининг посета на Македонија во врска со проектот за поддршка на државата во справувањето со актуелната мигрантска криза.

Целта е да се утврди правната рамка за спроведување на проектот, увид во тековната состојба и проценка на потребите. 

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, повеќе од кога било очигледна е потребата од заедничко дејствување, меѓусебна помош и соработка. 

– Свесни за состојбата која постојано се заканува да ескалира, побаравме помош од пријателите на Македонија. Министерството за внатрешни работи врз основа на билатералните договори за полициска соработка упати барање за помош до повеќе држави, меѓу кои Австрија, Чешка, Хрватска, Словачка, Полска, Србија, Унгарија, Словенија, барајќи поддршка и помош за организирање заеднички операции за засилен надзор на нашата јужна граница, рече Спасовски.

Тој оцени дека Македонија поради својата географска положба се наоѓа во незавидна ситуација предизвикана од незапирливиот бран на бегалци и мигранти кои доаѓаат на јужната граница. Тој посочи дека во текот на минатата година низ Македонија транзитирале над 720 илјади луѓе.

Изразувајќи задоволство од досегашниот тек на соработка, Спасовски истакна дека таа досега резултирала со откривање на 858 мигранти кои користеле лажни или фалсификувани документи за да остварат влез во Република Македонија.

Претставниците од полициите кои престојуваат во Македонија остварија средба и со државниот секретар при МВР, Анастасија Илиеска, а во текот на денешниот ден, ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија каде е предвидена дискусија со експертите и евалуација на ситуацијата на теренот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти