Полицајците од Крива Паланка наскоро ќе работат во реновирана станица

Од:

Полициската станица од општа надлежност во Крива Паланка наскоро ќе добие комплетно нов лик. Во тек е реконструкција на фасадата, а планирани се повеќе зафати и во внатрешноста на објектот, со што ќе се зголемат енергетската ефикасност и функционалноста на објектот.

Од Секторот за комуникација со јавност при СВР Куманово информираат дека во тек се активности за санација и реконструкција на санитарните јазли, а се работи и на поставување на комплетно нова термо-фасада, санирање на дел од кровната конструкција и поставување на нова електрична инсталација.

– Со реконструкцијата на станицата ќе се направи санација на просториите за приведување и задржување лица, ќе се изврши замена на старите прозорци со ПВЦ столарија, а ќе се вршат и сите неопходни молерофарбарски и гипсарски работи, информираат од СВР Куманово.

Оттаму велат дека не можат да прецизираат колку ќе чини целиот зафат бидејки се уште се во тек градежните работи.

– По завршување на градежните работи јавноста детално ќе биде информирана за средствата дадени за таа намена. Инаку, напоменуваме дека во рамки на овие програмски активности на раководството на МВР досега беа санирани и реконструирани преку триесетина објекти ширум државата, а средствата во целост беа обезбедени од буџетотот на министерството, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp