Полицаец спаси жена од водите на Кумановка

Од:

Припадник на СВР Куманово, попладнево по 16 часот, спаси повозрасна жена, која според првичните информации на кумановската полиција, се лизнала и паднала во реката „Кумановка“ во близина на речниот кеј.

Полицаецот во униформа скокнал по неа во реката Кумановка. Според првичните информации на кумановската полиција, кај нив случајот го пријавиле минувачи кои забележале дека жената се лизнала и паднала во реката кај мостот пред населбата „Перо Чичо“.

Биле повикани и екипи на Територијалната противпожарна единица и на Итна помош Куманово. Жената била пренесена во одделнието за хирургија, информираа од Итна Помош Куманово.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари