Полицаец со неговиот татко ја нападнал поранешната партнерка пред судница во гостиварскиот суд

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за насилство.

„Пријавените го сториле делото на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд, каде физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првопријавениот и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни. Инцидентот пред судницата се случил додека чекале продолжување на судското рочиште во врска со претходно пријавен настан, во кој оштетените повторно го пријавиле првопријавениот за предизвикување општа опасност.

Првоосомничениот е полициски службеник, додека неговиот татко е пензиониран полициски службеник. Честите недоразбирања меѓу осомничениот и неговата вонбрачна сопруга кулминирале со неколку пријави за кривично-правни и прекршочни настани за кои се водат соодветни постапки.

Ценејќи го ова, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, додека за неговиот татко се предложени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ