Полицаец не бил прободен со нож од мигрант, се повредил на оградата за палмите

Од:

Припадник на специјалните полициски сили распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, синоќа околу 23 часот се самоповредил при интервенција за контролирање на движењето ма мигрантите на просторот околу Железничката станица во Гевгелија. Неколку медиуми објавија дека полицаец бил прободен со нож од страна на мигрант, но наместо тоа тој бил прободен при пад на оградата кај палмите.

При трчање кај паркот во близина на железничката пруга, припадникот на полициските сили од единицата за брзо распоредување се сопнал од оградата поставена за заштита на новонасадените високи палми и се наденал на столбовите за потпирање на палмите.

Веднаш беше проширена дезинформација од жители на Гевгелија дека е прободен со нож од страна на мигрантите со оглед дека неколкумина од нив седеле во паркот каде што паднал полицаецот.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица