Полицаец на семејна прослава пукал со пиштол

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, пријавениот полициски службеник 22.5.2026 во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија – посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пукал со калашников во автобус полн со патници

А1он

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

За да избегне лисица, полицаец падна од службениот мотор на Водно

А1он

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

Горан Наумовски