ВИДЕО: Полицаец од Битола го извршил убиството во Прилепско

Од:

Полицаец од Битола го извршил убиството што се случи вчера во прилепското село Беловодица. Според информациите на МВР станува збор за 24-годишниот Енвер Тоска.

Тој го признал делото и е приведен во полициска станица.

Убиениот е идентификуван како Алили Бекир. Тој бил сопственик на продавница. Неофицијално убиството се случило поради долг на пари односно полицаецот му должел пари на убиениот.

Тоска три години работел како полицаец во СВР Битола.

„Имено, вчера, околу 16,30 часот било пријавено дека во село Беловодица- прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело.

Утврден е идентитетот на убиениот, кај кого биле забележани прострелни рани во телото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 02,00 часот приведен е Енвер Тоска, кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил. Во текот на денот, Тоска ќе биде предаден на Јавното обвинителство“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена