Полицаец бил тој што ја спречил жената да не скокне во Вардар

Од:

Полициски службеник од Единицата „Алфа“ е херојот кој вчера ја спаси 66-годишната Марица А. да си го одземе животот.

Во полицискиот билтен е наведено дека припадникот на „Алфите“ ја фатил Марица за рака и ја спречил да скокне во водите на Вардар од Камениот мост во Скопје, откако таа најпрво ги соблекла чизмите и се качила на оградата на мостот

Откако била разубедена во нејзината намера било повикано возило на Брза помош и случајот е пријавен во полиција.

Фотографијата е во сопственост на Бранко Аврамовски, а се појави на фејсбук. На неа се гледа како случаен минувач зборува со старицата за да ја разубеди од намерата да скокне во Вардар.

66-годишна Марица А. се обидела да скокне од Камениот мост поради тоа што немала услови за живот. Немала пари да си ги плати сметките, а и го одзеле и станот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари