Покрената истрага: Жежовски го грабнале од дома, однапред имале намера со неговото возило да ја киднапираат Вања

Од:

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице, извести обвинителството.

Обвинителството посочува дека осомничените го грабнале велешанецот Панче Жежовски од неговиот дом, го врзале а откако го однеле во близина на селото Рудник, го лишиле од живот.

„За четворица осомничени, кои веќе се наоѓаа во 48-часовен притвор, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка вечерва достави предлог за определување мерка притвор. Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените“, стои во соопштението на обвинителството.

Од таму посочуваат дека на 27 ноември, истите ја грабнале 14 годишната Вања Ѓорчевска со автомобилот на Жежовски.

„На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен“, велат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

Видевски не бил на работа на денот на убиството на Вања, немало пробно пукање со неговиот пиштол

Палевски со снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Ќе се изведуваат дополнителни докази, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче