И покрај зголемувањето на бројот на мигранти, нема да има нови прифатни центри

Од:

Иако секој ден се зголемува бројот на мигранти во Македонија, нови прифатни центри нема да бидат отворени, ниту пак се размислува за истото. Според кабинетот на претседателот, од каде вчера излегоа со став дека мигрантите поминуваат неколку часа во прифатните центри, велат дека нема застој на мигрантите, со што нови центри или проширување на веќе постоечките е непотребно.

Според нив, засега нема никакви проблеми бидејќи никој од нив не останува во државата, туку целат кон крајните дестинации. Според нив, проблеми во Македонија нема, а нивниот престој во државата е само доколку некој од нив има медицинска или друга потреба.

Инаку, меѓу мерките на мини-самитот кој викендов се одржа во Брисел, предвидено е да се градат кампови, долж Балканскиот коридор и земјите на ЕУ. Во нив би требало да се згрижат 100 илјади бегалци во прифатните центри на нивната рута од Грција до Германија.

Половина од нив ќе бидат во Грција, додека другата половина низ другите земји.

Од Kабинетот на претседателот вчера додадоа дека Македонија месечно троши еден милион евра за персоналот на границите, заедно со трошоците за амортизација на возила. Иако Европската комисија ветила дека ќе исплати помош од 24 милиони евра, засега Македонија добила помош во износ од 90 илјади евра кои не се слеани во буџетот, туку се влезени преку Меѓународниот црвен крст.

Само годинава, на јужната граница во Македонија влегле 424.656 бегалци. Просекот се зголемува за 20 луѓе дневно, а најголем прилив во последниве месеци имa од Авганистан.
Сите кои побарале азил во Македонија поради здравствени проблеми сега се заминати надвор од земјава.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија