Покрај гостите и мештаните си заминуваат од Охрид

Од:

Наместо улици полни со туристи, најголемиот македонски туристички центар празен. Покрај туристите, од Охрид си заминуваат и самите жители на градот. Причина за празниот Охрид е секако серијата земјотреси кои го стресоа градот изминатите неколку недели.

Оние кои останаа во Охрид, изминатата ноќ ја поминаа релативно мирно, но мештаните велат дека доколку продолжат земјотресите туристичката сезона ќе биде целосно уништена.

Во извидничкиот камп во Охрид ноќта ја минуваат повеќе од стотина граѓани, од кои мнозинство мајки со деца.
Министерството за одбрана ги понуди своите капацитети за сместување на граѓаните вознемирени од земјотресите, отворени се вратите од воениот камп „Васко Карангелски“ во Свети Наум.

По мирната ноќ, повторно се врати вознемиреноста кај граѓаните откако, тлото во 08:30 часот повторно се затресе, а потоа и во 11 часот кога земјотрес со јачина од 4 степени повторно го стресе Охрид.

Eпицентарот на овој земјотрес бил на 7 километри североисточно од Охрид, односно на 1 километар источно од селото Косел на длабочина од еден километар.

Новите потреси внесоа дополнителен немир кај населението кое 19 ден живее во страв поради над 1200 земјотреси кои се регистрирани во охридското епицентрално подрачје.

Надлежните власти, од локалната самоуправа, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, како и од МВР, повикувајќи се на сеизмолозите, смируваат дека е нормално по земјотрес со интензитет од 5 степени каков што се случи во Охрид да има потреси со јачина помеѓу 3 и 4 степени.

-Било каква вест дека во одредено време ќе се случи е лажна бидејќи тоа не може да се предвиди и никој сериозен научник, а би рекол и сериозен човек би можел такво нешто да каже. -, по кој знае, кој пат, повторува професорот и директор на ИЗИС, Михаил Гаревски.

Во главниот град вчера се одржа координација помеѓу ЦУК и ИЗИС од која беше упатен апел до граѓаните на Охрид да останат присебни и да преземат мерки за самозаштита.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски