Показна вежба на СВР Куманово и Црвениот Крст на градскиот плоштад во Куманово

Од:

Отсекот за превеција од СВР Куманово и Црвениот Крст денеска организираа показна вежба на градскиот плоштад во Куманово и ги едуцираа граѓаните како да пружат помош на повредени лица.

Волонтерите од Клуб на млади на Црвениот Крст Куманово им помагаа на возачите да укажат прва помош при сообраќајна несреќа. Припадниците на СВР ги стопираат возила, а потоа возачите укажуваат прва помош на повредено лице. Обучени волонтерите од Црвениот крст ги обучуваа возачите како правилно треба да се санира повредата и да се помогне на повредено лице при сообраќајна несреќа.

-Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на СВР Куманово затоа и отсекот за превенција во текот на целата година спроведува едукативни работилници, најчесто со најмладите, со цел градење на свеста за безбедност во сообраќајот, со оглед на се поголемиот број на случени сообраќајни несреќи, изјави, Марјан Павличек, од СВР Куманово.

Со цел на градење на доверба помеѓу полицијата и граѓаните, денеска беше организирана посета на основци во Секторот за внатрешни работи Куманово и едукативна работилница за најмладите.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане