Појаснување од МВР за договорот за вработување полициски службеници

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно Законот за внатрешни работи на основна обука за полицаец секогаш се упатуваат 10 проценти поголем број на лица од вкупниот број на лица за кои е утврдена потреба да се склучи договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на работното место „полицаец“. Законските критериуми согласно Законот за внатрешни работи се со единствена цел да се постигне квалитет како и конкуренција при обуката на новите полициски службеници.

Кандидатите уште на почетокот на обуката се запознаени со своите права и обрвски како и со фактот дека 10 проценти од нив (оние со послаби резултати), нема да бидат примени, односно нема да потпишат Договор за вработување.

Ова денеска во Министервото за внатрешни работи им беше појаснето на 34 кандидати за полициски службеници кои не потпишаа договор за вработување.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари