Погребани загинатите полицајци од полошкиот регион

Од:

Попладнево беа погребани тројцата припадници на полицијата од полошкиот регион, кои загинаа во вооружената престрелка во кумановската Дива Населба. На градските гробишта во Тетово со државни и воени почести беше погребан, 32 годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32 годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце, беше погребан и 28 годишниот Ненад Серафимовски.

На погребните поворки учествуваа голем број граѓани, а присутни беа и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, директорот на УБК Сашо Мијалков, директорот на БЈБ Митко Чавков и припадници на специјални единици.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе