Во организација на Српскиот културен информативен центар Спона, за време на викендов, нова група од околу 800 граѓани на Македонија ќе биде вакцинирана за Ковид-19 во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Врање.
Како и претходно и овојпат, имунизацијата во Врање е координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и од Министерството за здравство на Србија информираат од „Спона“.
Претходно беше објавено дека Вучиќ побарал во Србија да биде овозможена бесплатна вакцинација за македонските граѓани без ограничувања во изборот на вакцините.
Околу 20 илјади Македонци досега се вакцинирани во соседна Србија.