Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Од:

Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ за цените на храната.

Мицкоски нема никаква дилема и апсолутно е подготвен, како што истакна, да плати таква политичка цена.

-Апсолутно да, зашто сме свесни, откако го лоциравме проблемот, дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема, но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок, подвлече премиерот за мерките кои, изјави вчера, нема да бидат популистички.

Мицкоски вчера кажа дека се прават детални анализи и дека Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната. Праксата покажа, додаде, дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, во која, потенцира, не треба да западнеме.

Премиерот денеска со министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани пушти во употреба целосно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски