Поднесено обвинение за неовластено пуштање во промет на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице од Драчево за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека во својот дом неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 66,7 грама, спакувана во една полиетиленска ќеса. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во неговиот дом на 06.03.2019 година.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на сега обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка.

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Мртво бебе е донесено во поликлиниката „Драчево“

Горан Наумовски

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија