Поднесено е обвинение за 19-годишник осомничен за неколку тешки кражби во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело „тешка кражба“ и кривично дело „одземање на моторно возило“.

Осомничениот, како што информира Јавното обвинителство, за помалку од 20-тина дена, односно од 22 септември до 9 октомври 2025 година, извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства за да ги одземе.

На 28 септември осомничениот противправно одзел мопед, вреден 60.000 денари со намера да го употреби за возење.

– Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Скопјанец „испумпал“ милиони од фирмата во која работел

Горан Наумовски

Уапсен е македонски државјанин во Србија – ограби пет обложувалници и пошта

А1он

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти