Поднесени 290 барања за субвенции за купување печки на пелети

Од:

Поднесени се 290 барања на јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети, кој заврши на 13 март.

– Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети е на терен и врши увид во документацијата и локациите каде ќе бидат заменети старите печки на дрва, јаглен, нафта и мазут и ќе бидат поставени новите печки на пелети, соопшти Град Скопје.

Овој проект, како што се наведува, е дел од мерките кои Град Скопје ги презема поради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.

На минатиот јавен повик, кој беше објавен во 2016 година, беа доделени 196 субвенции на граѓаните за што беа издвоени 5.896.000 денари од буџетот на Град Скопје.

Градските власти информираат дека поради големиот интерес кој го покажале граѓаните за овој тип субвенции, во 2017 година во буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад