Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков

Од:

Поднесена е кривична пријава за убиство во обид за 40-годишниот Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, телохранител на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Пријавата вчера ја поднела Полициската станица Кочани до Основното јавно обвинителство во Кочани. Стоименов од петокот вечерта е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани со пиштол пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани познат како Дач.

Надлежните од СВР-Штип информираат дека по Стоименов се трага, а на македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, којшто беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница. Тоа беше повод и да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел со доживотни казни затвор тврдеа дека тие се жртви на Стоименов.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он