Поднесена кривична пријава за предизвикување на општа опасност

Од:

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против 68-годишниот М.С. од САД, со привремен престој во село Крани, ресенско, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Пријавениот, на 19.07.2022 во неговата нива на место викано „Барик” во атарот на с.Крани го запалил стрништето, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева и овоштарници во соседните ниви. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари