Поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“

Од:

Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со Државен инспекторат за животна средина до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против: О.Т.(44), правно лице од Кочани и Н.Н.(22) од Кочани во својство на одговорно лице во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 став 3 од Кривичен законик, информира МВР.

– Имено, прво и третопријавените, во име на второпријавениот правен субјект во периодот од 17.02.2022 година до 13.04.2022 година на инсталација лоцирана на ул. „Индустриска“ бб во Кочани, неовластено тргувале со отпад без да поседуваат дозвола за управување со отпад издадена од стручен орган Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постапиле спротивно на Член 64 став 1 од Законот за управување со отпад (Сл.Весник на РСМ 216/21 од 17.09.2021 година) и за период од два месеци оствариле противправна имотна корист од 1,587,642 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари