Подметнат пожар во дирекцијата на „Паркови и зеленило“

Од:

Едно лице кое е снимено на надзорните камери го подметнало пожарот во дирекцијата на ЈП Паркови и Зеленило информираат од претпријатието.

– ЈП Паркови и зеленило ја информира јавноста дека ноќва околу 1 часот по полноќ избувна пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии. По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител се наведува во соопштението од јавното претпријатие.

Од „Паркови и зеленило“ велат дека активно ќе соработуваат со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Ј.П. „Паркови и зеленило“ се турка во должничко ропство

Горан Наумовски

ЈП „Паркови и зеленило“: На Водно нови видиковци и детски реквизити!

Ана Ололовска

Адриан Муча е нов директор на „Паркови и зеленило“

Ана Ололовска

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе сече дрво во Паркот на франкофонијата

Ана Ололовска

Сечење гранки на дрвјата на улица „Аминта трети“

Ана Ололовска