Андоновски: Ј.П. „Паркови и зеленило“ се турка во должничко ропство

Од:

Проблемот кај ЈП Паркови и зеленило е што го имаат зголемено бројот на вработените од приватни агенции за вработување и сумата која ја исплаќале од 4 милиони и 300 илјади денари се зголемила 8 милиони и 500 илјади денари по фактура за приватни агенции за вработување, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Андоновски воедно истакна и дека по листинзи кои се достапни освен што ги имаат зголемено бројот на вработени и парите за вработување, во исто време ги имаат зголемено и сумите по вработен.

– Така за административни службеници во рамките на јавното претпријатие за кое се исплаќале околу 30.000 денари месечен надоместок, сега се исплаќаат 60.000 денари. На тој начин претпријатието се турка во должничко ропство коешто го прави несолвентно и јавното претпријатие, но и двете друштва кои се под јавното претпријатие, потенцираше Андоновски.

Тој нагласи дека ако се сакало да се справува со проблемите, немаше да има невалидни и незаконски огласи после нова година со недозволен план од Советот, со кој требаше да се вработат уште 200 други луѓе во паркови и зеленило.

– Затоа велам дека ве лажат и манипулираат, а ние сме тука да ги објасниме работите, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

Станковиќ до Арсовска: Ваша должност е да побарате од ДЗР да изврши ревизија за финансиското работење на ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против одлуката за набавка на нови автобуси

Шутаров: Срамна седница на Советот, хаосот со ЈСП е пример што следува откако ДПМНЕ ќе добие власт

СДСМ: Советниците од ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат вработените во ЈСП

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје