• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ПОДЕМ: Со спогодбата меѓу Македонија и Грција се извршува брзо бришење на најзначајниот дел од историјата

by А1он17/06/2018 - 17:08314
Share0

„Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ категорично ја отфрла спогодбата помеѓу Македонија и Грција, бидејќи со неа се врши нелегитимна промена на уставното име на Република Македонија, а истовремено се врши и упад во Уставот на Република Македонија, со обид да изврши брзо бришење на најзначајниот дел од македонската историја.

Добивај вести на вибер

Дополнителна причина за ваквиот став на ПОДЕМ е што процесот на изготвување на оваа спогодба не беше транспарентен и не ги вклучи мислењата и ставовивте на македонските граѓани, опозицијата и Претседателот на Државата.

Сведоци сме на се она што се случуваше по однос на преговорите, како бевме манипулирани од страна на премиерот и министерот Димитров, ветувањата дека никогаш нема да дозволи промена на устав и идентитет, за да сега се случи овој чин на предавство на македонскиот народ и се прифати целосно менување на уставот на Република Македонија и уставното име, со бришење на македонската историја и откажување од македонската дијаспора.

ПОДЕМ повикува веднаш да се организираат предвремени избори, за да им се даде можност на граѓаните да се изјаснат и проверат подршката на актуелната власт после овој недостоинствен чин што го направи оваа власт.

ПОДЕМ му дава целосна подршка на Претседателот Иванов за неподпишувањето на оваа недостоинствена спогодба и да обезбеди зачувување на уставот и уставното име на Република Македонија“ се вели во соопштението на ПОДЕМ.

podem

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска23/09/2019 - 10:58

ПОДЕМ со отворена и целосна поддршка за кандидатурата на Силјановска

Ана Ололовска21/02/2019 - 15:46

ПОДЕМ со повик да се игнорира референдумoт

Ана Ололовска16/09/2018 - 13:04

ПОДЕМ: Премиере народот не поддржува уставни промени

Ана Ололовска17/05/2018 - 15:10

Јанкулоски: Дали и избрзаната одлука за протерување на рускиот дипломат е дел од барањата за „добрососедство”

Ана Ололовска30/03/2018 - 11:54

Јанкуловски: Гласање на Законот за јазици без разгледување на амандманите на опозицијата е погазување на демократијата

Наум Локоски14/03/2018 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен