Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Од:

Утре во 12 часот, пред српскиот конзулат во Куманово на кружниот тек поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ. Организатор на собирот е Здружението „Мир, Слога и Стабилност“ од каде упатија повик до „ сите членови, симпатизери и граѓани од сите националности со добри намери кои ја почитуваат политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ да се придружат во 11 часот на градскиот плоштад од каде ќе се упатат кон српскиот конзулат и на пладне заедно од таму ќе испратат силна порака на слога, заедништво и поддршка“.

Од Здружението потенцираат дека собирот не претставува политички митинг, ниту има политичка заднина, туку е само собир од кој се сака да се испрати порака за блискост, порака на пријателство и подршка кон политиките што се доживуваат како стабилизирачки и добронамерни кон македонскиот народ.

Претседателката на Здружението, Маја Денковска за А1он изјави дека уставно и демократско право на секој граѓанин е слободно, мирно и достоинствено да го изрази својот став мислење и поддршка во рамките на законските процедури и институционални рамки.

„Оваа иницијатива произлегува од желбите на граѓаните јавно и достоинствено да ја изразат својата поддршка и почит кон политиките на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ кој придинесува за мир, слога, стабилност, соработка зачувување на традиционалните вредности и зацврстување на пријателските и братски врски во регионот. Организатор на овој јавен собир е Здружението на граѓани Мир слога стабилност од Скопје, а кон иницијативата се приклучуваат и други граѓански здруженија и граѓани кои се поддржувачи на политиката и делото на господинот Александар Вучиќ. Најважно е настанот да помине достоинствено, мирно во позитивна атмосфера и најважно од се да испратиме порака за поддршка почитување, мир, слога, стабиност и пријателство, изјави Маја Денковска, претседателка на Здружението-организатор на настанот.

Таа кажа дека зад собирот не стои ниту една политичка партија и ги повика граѓаните независно од која се националност, да се приклучат зошто како што кажа “ српскиот народ и Вучиќ имале секогаш широко отворени врати за нас“.

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во морето кај Иж пронајдено телото на шефот на задарската Урологија

Санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“