Поддршка од ИПА за соработка за безбедна храна во регионот

Од:

Вкупно 320 илјади евра поддршка за заеднички иницијативи и проекти на институциите за безбедност на храна од земјите од регионот, претенденти за членство во ЕУ, се обезбедени преку ИПА фондовите.

Како што беше речено на работилницата што ја организира Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), станува збор за проект што ќе се спроведува 18 месеци, од 1 декември годинава до 31 мај 2019, а целта е претпристапна помош и јакнење на институциите.

– Европската комисија има нов план за комуникација, за информирање околу активностите кои се однесуваат на безбедноста на храната. Планот е се уште во драфт верзија, допрва ќе се разгледува и доработува со експерти од областа, истакна Јелена Врачар Филиповиќ од ЕФСА.

Според Катерина Матиќ од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Македонија, напорно се работи на професионално информирање на сите засегнати страни.

– Сакаме да ја видиме Македонија како вистински соработник и партнер на ЕФСА. Се трудиме да ги проследиме сите нејзини информации, но и да ги анимираме медиумите. Напорно работиме во оваа насока. Веќе е изготвен регистар на субјекти кои се по која било основа поврзани со безбедноста на храната – науката, институциите, бизнис секторот,…, нагласи Матиќ.

Велика Атанасова од прес-службата на АХВ дополни дека Агенцијата има јасен концепт за комуникација и информирање особено за соработка со медиумите. – Работиме како тим, согласно законите и стандардите со цел навремено, точно и професионално информирање, рече Атанасова.

Соработката на АХВ со ЕФСА почна во 2011 година кога беше етаблирана Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, а првиот проект на АХВ со поддршка на ЕФСА е истражувањето на храната за деца до 9-годишна возраст.

На работилницата што почна вчера, освен од ЕФСА, учествуваат и претставници од агенциите за храна и институтите за јавно здравје од Македонија, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Косово и Албанија. Темата е „Подобрување на комуникацијата при ризици и надградување на постоечките искуства во услови кога се заоструваат критериумите за безбедност на храна на европско и светско ниво“.

Работилницата ја отвори директорот на АХВ Зоран Атанасов кој потенцира дека новите безбедносни критериуми за храната налагаат, не само преземање и примена на процедурите за комуникација, туку и прилагодување на потребите на потрошувачите и бизнис заедницата согласно современите трендови во науката.

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ