Почнува тридневниот настан „Јас сум Цако“

Од:

Проектот за граѓанско учество на УСАИД попладне во „Јавна соба“ ќе го одбележи почетокот на тридневниот настан „Јас сум Цако“ во организација на Александар Матовски, добитник на наградата за младинско учество за 2016 година.

Настанот ќе трае до сабота и има хуманитарен карактер. Вклучува панел дискусии, проекција на филмови и лични изјави од млади и успешни луѓе со попреченост.

– Александар Матовски – Цако, како добитник на Наградата за младинско учество за 2016 година за неговите извонредни заложби и придонес за унапредување и подобрување на животот на лицата со попреченост, ќе се обиде да ни го приближи светот на лицата со попреченост поблиску до сите нас. Овие денови ќе бидат посветени на образование, култура, поезија, танц, спорт, музика и изложби, појаснуваат од УСАИД.

Би можело да ве интересира

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Трамп: Украдени се милијарди долари од УСАИД

Бил Гејтс бара УСАИД да продолжи со својата работа

Трамп одлучи: Згаснува УСАИД

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест