Почнува судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По седуммесечно одлагање, скопскиот кривичен суд конечно го одбори второто обвинение за случајот „Талир“ на СЈО за изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

„Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките“, соопшти судот.

Предметот треба да биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа.

Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци што го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот, поточно на 22 ноември 2018 година. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари 2019 година, но сè уште не започнала главната расправа.

Обвинението за изградбата на партиското седиште е за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против бегалецот Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

СЈО тврди дека фирмата „Бетон“ не смеела да влезе во партнерство со ВМРО-ДПМНЕ за изградба на белата палата бидејќи во 2011 и 2012 година, кога почнал да се гради објектот, градежната компанија, дури 75 отсто од приходите ги добила од државни тендери.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ и предметот да се врати на повторно одлучување

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 22 април

Ана Ололовска

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 8 април

Ана Ололовска