Судската полиција не дозволи влез на обезбедувањето на Мијалков, старт на процесот за прислушувањето

Од:

Почнува судењето за аферата со нелегалното прислушување во Македонија. Екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, денеска ќе седне на обвинителна клупа за предметот на специјалното јавно обвинителство познат со име „Тврдина-Таргет“.

Во судот пристигнаа и Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков чие обезбедување не можеше да влезе во судот. Судската полиција не им дозволи да влезат, по што Мијалков влезе само со неговите адвокати.

Мијалков е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањето и примање награда за противзаконито влијание. Во овој предмет се споени двете истраги на СЈО, а покрај Мијалков, обвинети се и бегалците во Солун, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за фалсификување службена исправа.

Во овој предмет обвинт е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Следена била и комуникацијата пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или 5.827 телефонски броеви со кои биле прислушувани над 20 илјади граѓани. СЈО утврдило дека незаконското прислушување продолжило и по објавувањето на аферата со прислушувањето од лидерот на опозицијата Зоран Заев и во текот на 2016 година. Во „Тврдина“ станува збор за уништување на опремата за прислушување вредна 10 милиони евра и на документација за набавката на таа опрема.

Специјалното јавно обвинителство го запечати случајот „Пуч“, кој се однесуваше на кривичните дела шпионажа, неовластено прислушување и за насилство врз претставници на највисоките државни органи. Тимот на Катица Јанева како причина за повлекувањето на обвинението наведе дека фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е спротивна со доказите со кои тие располагаа“. Нелегалното прислушување ќе се докажува со теоријата на обвинителството во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Со петчлениот судечки совет ќе претседава судијката Ленка Давиткова, која заедно со уште двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување службен пиштол. Освен в петок, судијката закажала следно судење и на 17 јануари.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов